Новиот ID.4 – првиот електричен SUV на VW – пристигна во салонот на Порше Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот ID.4 – првиот електричен SUV на VW – пристигна во салонот на Порше Скопје!

ID.4 – кој воедно е и светски автомобил на годината за 2021 – е првиот електричен SUV на Volkswagen, а од денес е веќе изложен во салонот на Порше Скопје.

Неколку месеци по претставувањето на ID.4, првиот електричен SUV на Volkswagen пристигна и кај нас. При лансирањето, извршниот директор на VW изјави дека „ID.4 е емотивен сенаменски автомобил кој ќе ги импресионира купувачите со ефикасниот погон, дарежливата просторна понуда, модерните системи и моќниот дизајн. Како првиот глобален електричен автомобил на Volkswagen, ќе ја промовира нашата платформа за електрични возила ширум светот.“

Од Volkswagen додаваат дека новиот ID.4 има многу таленти и напоменуваат дека и покрај спортските перформанси, нема компромис во поглед на комфорот. Батеријата има капацитет од 52, односно 77 kWh, со што се овозможува максимален досег до 520 километри (според WLTP). Позицијата на батеријата е под совозачкото седиште со што е овозможен низок центар на гравитација.

Електромоторот е поставен на задната оска и генерира максимални 150 kW (204 коњски сили) – со што забрзувањето од 0 до 100 километри на час трае само 8.5 секунди, а максималната брзина е 160 km/h. Благодарение на погонот на задните тркала и растојанието од земјата за цели 21 сантиметар, ID.4 добро се справува и со off-road предизвиците. За вистинско off-road доживување, достапна за нарачка е и ID.4 GTX верзијата, со погон на 4 тркала, поголема моќност и уште поимпресивни перформанси.

Екстериерот има привлечни и атлетски – но сепак препознатливи за СУВ – пропорции. Чистиот дизајн нуди одлична аеродинамика (а со тоа се подобрува и ефикасноста). Дури и основниот ID.4 добива предни светла кои користат LED технологија, а чекор погоре се IQ Light LED Matrix светлата кои се пофункционални и помоќни. Задниот дел исто така добива LED светла, а дизајнот ги следи насоките кои Volkswagen ги постави за своите електрични модели со ID.3. За ID.4 се бидат достапни тркала во димензии до 21 инч.

Поврзано:  Новиот Volkswagen Tiguan пристигна во Македонија!

Кабината е супер-просторна и светла. Дополнително, ID.4 е долг нешто над 4.5 метри, а архитектурата овозможува многу простор во кабината – од Volkswagen кажуваат дека во ID.4 има простор како во една класа поголем SUV. Користени се модерни материјали и бои, а многу внимание е посветено на леснотијата на користење на ID.4. Приказната за практичност и просторна понуда се заокружува со багажникот кој нуди капацитет меѓу 543 и 1575 литри. Автомобилот реагира на гласовни команди кога ќе му се обратите со „Hello ID“, а доаѓа и со напреден хед-ап дисплеј кој меѓу другото, проектира насоки од системот за навигација директно на патот пред вас.

Доказ за квалитетот на новиот ID.4 е престижната награда Светски Автомобил на годината, која ја доделуваат 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји. Во ID.4 беше препознаена иновативноста, секојдневната употребливост и достапноста за поголем сегмент на клиенти.

Цените на нашиот пазар започнуваат од 41.609 Евра. За повеќе информации, посетете го салонот на Volkswagen или официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.