И покрај многуте критики од фановите BMW ќе продолжи со инсталирање на масивната предна решетка кај поголемиот дел од нивните модели.
Германскиот бренд доби многу критики за користењето на голема предна решетка кај спортските M3 и M4, како и електричните модели i4 и iX, но сепак потпретседателот за дизајн Адриан Ван Хоојдонк вели дека овој стилски елемент ќе се најде на предниот дел кај повеќе нови модели на BMW.
Според него, некои модели ќе добијат вертикално издолжени, а некои ќе имаат хоризонтално издолжени решетки. Главната цел што сака компанијата да ја постигне со ова е да биде инстантно препознатлива преку силно изразен карактер.
Ван Хоојдонк вели дека сакаат купувачите да можат веднаш со само еден поглед во ретровизорот да го препознаат моделот, покрај тоа што ќе знаат дека се работи за автомобил со ознака BMW.
Сепак, тој не објави која Серија на BMW ќе биде следниот модел кој е на ред да добие „пумпање на бубрезите“ на предниот дел.