ПРЕМИЕРА: BMW го претстави електричниот i4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW го претстави електричниот i4!

Новото електрично купе со четири врати на BMW денес ја имаше својата официјална премиера – има 530 коњски сили, забрзува до 100 километри за околу 4 секунди и има автономија до 590 километри!

Новиот i4 го има истиот, контраверзен дизајн кој го доби и iX. Големите, вертикални „бубрези“ се всушност маска за сензорите и камерите на новиот електричен автомобил. Остатокот од дизајнот е прилично конзервативен и се препознава дека ix4 е всушност еволуција од тековната Серија 3, поточно купе-изведбата Серија 4.

Од BMW потврдуваат дека i4 ќе биде лансиран во текот на оваа година. Ќе се нуди со неколку различни батериски модули и во зависност од одбраната конфигурација ќе може да помине до 590 километри според WLTP мерењата. Најмоќната изведба ќе испорачува 530 коњски сили и ќе може да забрза до 100 километри на час за „околу 4 секунди“. Од BMW не објавуваат понатамошни технички податоци, но сепак можеме да претпоставиме дека и другите изведби ќе имаат интересни перформанси.

Најавено е дека во следните неколку седмици ќе бидат објавени сите технички податоци околу новиот i4, како и официјални фотографии од ентериерот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.