Претсезонско тестирање на Ф1 – надеж за борба за титулата? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претсезонско тестирање на Ф1 – надеж за борба за титулата?

Мерцедес вообичаено не е сјаен на временските листи на претсезонското тестирање, дури и кога имаат неверојатно доминантна сезона. Со тоа петтото место за Хамилтон на претсезонското тестирање не е големо изненадување.

Сепак очекувањата на љубителите на Ф1 беа многу повисоки за Мерцедес, со оглед на тоа дека имаа извондредни 7 сезони по ред. Навидум личи дека Мерцедес нема којзнае каква предност – како што беше случај до сега.

Во меѓувреме Ред Бул кои се познати по својата голема брзина, но и проблеми со доверливоста и управувањето, го имаа најуспешното тестирање во Ф1 во последните 7-8 години.

Она што можеме да претпоставиме, и да се надеваме, е дека главните два тима оваа година се доста блиски меѓу себе. „Тие изгледаат силно“, изјави Луис Хамилтон, кој го изврте својот Мерцедес два пати на три сесии. Хамилтон не зборуваше само за импресивниот, стабилен RB16B автомобил на Макс Верстапен, кој поставуваше најбрзи времиња на тестот во неделата, но исто така и за Перез, новиот потписник на Ред Бул кој изгледа одлично се снаоѓа во тимот.

„Гледајќи ги како победија на последната трка, можете само да претпоставите дека ќе бидат токму таму, ако не и на фронтот, на првата трка“ продолжи Хамилтон. „Ќе биде голема долга битка со нив во текот на целата година.“

Ендру Шовлин, директор за инженеринг на патеката во Мерцедес, го изјави ова вака: „Од податоците што ги собравме последните неколку дена можеме да увидиме дека не сме брзи како Ред Бул.“

Секако може да се работи и за познатите игри на Мерцедес, кога тие поставуваат послаби резултати на тестирања, а на трката се ултра доминантни. „Искрено мислам дека ова е прв пат од почетокот на хибридната ера V6 каде што ако Макс има пол позиција и победи на првата трка, тоа нема да биде шок“, коментираше Карун Чандок „Не велам дека се очекува, но мислам дека тие ќе бидат во борба“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.