full screen background image
Search

Саемот во Женева откажан трета година по ред

Организаторите на познатиот автомобилски саем во Женева објавија дека ги откажуваат плановите за негово организирање во Март наредната година.

Откажувањето на настанот во 2022 придонесува за вкупно тригодишно отсуство на најпопуларното авто шоу во Швајцарија од светската сцена. Претседателот на комитетот на интернационалниот саем – Маурис Туретини вели дека биле вложени многу напори за да го реактивираат саемот, но сепак ситуацијата со пандемијата сеуште не е под контрола и претставува голема опасност за таков голем настан во затворен простор како Женевскиот Авто Саем.

Една од главните причини за откажувањето на настанот се актуелните ограничувања на глобалните патувања поради пандемијата. Исто така улога имал и глобалниот недостаток на микрочипови кој моментално прави огромен неред во производството и испораката на нови автомобили.

Според Туретини ова не значи дека доаѓа крајот на шоуто во Женева. Тој е оптимистичен дека познатиот автомобилски настан ќе се врати на голема врата во 2023.

Женева не е единствениот автомобилски саем кој беше приморан да го откаже своето одржување. Интернационалниот автомобилски саем во Њу Јорк требаше да се одржи во Август, откако беше преместен од Април, но организаторите беа приморани да ги откажат плановите за да го одржат настанот во 2021.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.