Започнува електрификацијата на Citroën во Македонија – пристигнаа електричниот ë-C4 и плаг-ин хибридниот C5 Aircross Hybrid. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започнува електрификацијата на Citroën во Македонија – пристигнаа електричниот ë-C4 и плаг-ин хибридниот C5 Aircross Hybrid.

Францускиот бренд амбициозно ја започнува електрификацијата во Македонија – од денес во салонот на Citroën во Скопје се изложени и достапни електричниот ë-C4 и плаг-ин хибридниот C5 Aircross Hybrid.

Целосно-новиот C4 е поставен на новата CMP платформа, а тоа му овозможи на Citroën веднаш да го понуди новиот модел со конвенционални, бензински и дизелски мотори, или пак со напреден, електричен погон.

Електричниот погон за кој зборуваме денес е со моќност од 100 kW, односно 136 коњски сили (и инстантен вртежен момент од 260 Nm) и според официјалните мерења може да понуди автономија од 350 километри со едно полнење – благодарение на батериите со капацитет од 50 kWh.

Доколку имате пристап до до доволно брз полнач за само 10 минути ќе имате доволно во батериите за да поминете 100 километри – а според Citroen, ова е идеално за урбаните возачи, како и за оние кои имаат подолго возење до работа. ë-C4 доаѓа со три режими на возење – Normal, кој овозможува идеален компромис меѓу автономија и перформанси, Eco режимот за оптимизација на потрошувачката електричната енергија, како и Sport режим каде врвен приоритет е даден на моќноста и перформансите.

Секако, електричниот ë-C4 ги добива сите комфор-ориентирани технологии кои ги добива и конвенционалниот C4 – од прогресивните перничиња во амортизерите, преку супер-комфорните Advanced Comfort седишта, но сега сето тоа е уште едно скалило погоре благодарение на рафинираноста на електричниот погон.

Пристигна и новиот C5 Aircross Hybrid, за кој од Citroën кажуваат дека е Silent Urban Vehicle. Големиот плаг-ин хибриден SUV комбинира 180-коњски PureTech турбо-бензинец со електромотор кој испорачува 80 kW (односно околу 110 коњски сили) за вкупна системска моќност од 225 коњски сили и одлични 320 Nm вртежен момент.

Батеријата е со капацитет од 13.2 kWh и овозможува да поминете до 50 километри на електрична енергија, а потрошувачката на бензин е екстремно ниска – според WLTP мерењата ќе потрошите само 1.7 литри бензин на 100 изминати километри.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Citroën ги објави првите фотографии и детали од целосно-новиот C3 Aircross

Системот овозможува да се достигнат брзини до 135 километри на час само на електрична енергија. Дополнително, доколку вградите полнач со капацитет од 7.4 kW, тогаш батеријата се полни за нешто помалку од два часа. Исто како и електричниот ë-C4 (и конвенционалниот C5 Aircross) и тука се достапни сите Advanced Comfort технологии на францускиот бренд.

Цените за електричниот ë-C4 започнуваат од 37.900 Евра, додека плаг-ин хибридниот C5 Aircross Hybrid стартува од 41.990 Евра. За повеќе информации можете да ги посетите официјалните веб страници за електричниот ë-C4 и C5 Aircross Hybrid, како и салонот на Citroën во Скопје.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.