Мountune го направи новиот Ford Focus ST посилен од стариот Focus RS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мountune го направи новиот Ford Focus ST посилен од стариот Focus RS

Mountune го претстави новиот тјунинг пакет за четвртата генерација на Ford Focus ST, кој го прави уште посилен, но и достоен наследник на RS изведбата од претходната генерација.

Тјунинг пакетот на Британските специјалисти e всушност понова верзија на M330 пакетот, претставен во Март 2020. Надградениот пакет е наречен M365 и ја открива испораката на сила од 365 кс, што е 10 кс повеќе од третата генерација на Focus RS . Вртежниот момент е зголемен на 560 Nm, но погонот останува само на предните тркала.

Ова е добиено со рекалибрација на компјутерската единица, а начинот на инсталирање се врши преку специјалната mTune SMARTflash апликација на компанијата. Се што ви треба е само смартфон и добиениот Bluetooth OBD интерфејс.

Покрај зголемената сила, тјунираниот Focus ST добива спортски катализатор и среден издувен лонец со поголем проток, со цел да испорачува повозбудлив звук од моторот кога автомобилот е во Sport или Track режим на возење.

Цената на M365 пакетот чини околу 680 евра според сегашната курсна разлика во Велика Британија, што делува многу разумно со оглед на тоа дека ослободува дополнителни 85 кс и 140 Nm од стандардниот Focus ST.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.