full screen background image
Search

Mountune подготви тјунинг пакет за новиот Ford Focus ST!

Инженерите од Mountune подготвија специјален тјунинг пакет за новиот Ford Focus ST кој ослободува дополнителни 50 коњски сили и скоро 100 Nm вртежен момент!

Софтверскиот зафат им овозможи на инженерите од Mountune да ослободат дополнителни 50 коњски сили и 95 Nm вртежен момент од 2.3-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец кој се вградува во новиот Focus ST. Со тоа, сега жешкиот хечбек на Ford сега испорачува 330 коњски сили и 515 nm вртежен момент. Дел од пакетот е и спортски филтер за воздух.

Ние веќе имавме можност да го возиме „обичниот“ Ford Focus ST минатата година, на неговото официјално лансирање во Хрватска.

Тјунинг зафатот се извршува благодарение на SMARTflash технологијата која Mountune ја користи и за другите модели на Ford. Купувачите ќе можат самите да го изведат ова со помош на апликацијата за мобилен телефон која ја испорачува Mountune, заедно со OBD интерфејсот кој доаѓа во пакетот. Она што е интересно е дека ќе ги добиете најновите софтверски мапи за вашиот автомобил, директно на вашиот мобилен телефон.

Пакетот кој се вика m330 доаѓа со три различни калибрации – првата се вика Performance и доаѓа со поагресивно-калибриран Launch Control систем и уште поагресивен звук во Sport и Track режимите. Втората е Stock, која го враќа автомобилот во фабричкиот режим, додека третата калибрација се вика Anti-Theft и целосно го онеспособува автомобилот.

Звучи примамливо, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.