full screen background image
Search

TAG Heuer станува главен спонзор на Porsche Esports Supercup

Ако мислите дека сте доволно добри, учествувајте и вие во Porsche TAG Heuer Esports Supercup и борете се за награди во вредност од 200.000 долари!

Производителот на луксузни часовници TAG Heuer станува главен спонзор на Porsche Esports Supercup. Овој esports тркачки шампионат го основаше токму Porsche и тоа во соработка со iRacing, еден од најдобрите симулатори на тркање. Дополнително, Porsche веќе соработува со TAG Heuer во Formula E, па сосем е логично проширувањето на соработката и во овој, дигитален шампионат.

Поради новото партнерство, сега шампионатот ќе се вика Porsche TAG Heuer Esports Supercup и вкупниот фонд на награди се зголемува на 200.000 долари за сезоната која наскоро треба да започне. Од Porsche и TAG Heuer кажуваат дека се радуваат дека ќе имаат можност да организираат интересен и возбудлив esports шампионат, каде најдобрите тркачи на симулатори во светот ќе можат да си измерат силите.

Секако, Porsche и TAG Heuer имаат огромна тркачка историја, па партнерството е логичен чекор напред, особено ако се земе предвид растечката популарност на ваквите спортови. Најдобрите четири возачи од минатата сезона – Josh Rogers (Австралија), Maximillian Benecke (Германија), Sebastian Job (Обединетото Кралство) и Mitchel deJong (САД) повторно ќе се натпреваруваат, заедно со уште 36 други возачи.

Сезоната започнува на 28-ми Март, кога ќе се возат подготовките на Circuit de Barcelona – Catalunya. Ќе има вкупно 10 официјални трки кои ќе завршат на 19ти Септември, а ќе се возат виртуелни верзии на популарни патеки – како што се Donington Park, Zandvoort, Nurburgring Nordschleife, Silverstone, Road Atlanta, Spa, Monza и други. Повеќе можете да дознаете тука.

Поврзано:   Во Скопје пристигна и електричниот Porsche Taycan!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.