full screen background image
Search

Ми-Да Гранд Моторс известува – Сигурен сервис за секое возило

Од нашите пријатели од Ми-Да Гранд Моторс пристигна известување околу хигиенските процедури кои се воведени во механичкиот и лимарскиот сервис.

Ми-Да Гранд Моторс – увозниците за возилата на Ford и Hyundai во нашата земја – ги известуваат клиентите дека со оглед на ситуацијата со COVID-19 вирусот, воведени се специјални дезинфекциски и хигинески процедури во објектот.

Секое возило при прием во сервисот се дезинфицира и се користат заштитни материјали при неговото маневрирање. При посета на објектот неопходна е дезинфекција на самиот влез, а понатаму комуникацијата се одвува бесконтактно на означена далечина. Дополнително, информират дека вработените се опремени со заштитна опрема, како би го заштитиле сопственото здравје, но и здравјето на клиентите.

Од Ми-Да Гранд Моторс ни порачуваат да бидеме безбедни, и доколку имаме потреба од нивните услоги, можеме да ги контактираме сервисните специјалисти телефонски, или преку соодветните веб-страници.

Телефонот е 02/3073 103, за потребите на Ford можете да го посетите порталот Мој Сервис или да ги контактирате на contact@ford.com.mk, a za Hyundai можете да ја посетите веб-страницата или преку e-mail на contact@hyundai-mk.mk.

Извор: PR Ми-Да Гранд Моторс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.