Учениците во училиштето на Škoda работат на Scala Spider! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Учениците во училиштето на Škoda работат на Scala Spider!

Како и секоја година, и оваа година студентите кои се едуцираат во едукативниот центар на Skoda работат на уникатен автомобил – а оваа година тоа е интересна изведба на новата Škoda Scala.

Сега за сега се објавени само две скици и едно кратко видео, но веќе можеме да видиме дека студентите работат на Spider изведба на Škoda Scala. Концептот ќе има само две врати, целосно редизајниран заден дел, отстранет кров и нови браници. Дополнително, забележуваме редизајниран заден браник со интегриран дифузер и централно-поставен завршеток од издувниот систем. Приказната е заокружена со RS тркала и црвени шепи на сопирачките.

Ентериерот добива спортски управувач со црвени опшивки и уште неколку спортски детали.

Инаку, ова не е прв проект на студентите од едукативниот центар на Škoda – минатата година го направија Mountiaq, а пред тоа го претставија Sunroq. Ваквите проекти ни се особено интересни бидејќи можеме да ја видиме креативноста на младите студенти на дело!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.