full screen background image
Search

Lamborghini најавува нов Countach!

Со кратко видео, Lamborghini најави дека подготвува целосно-нов Countach!

Сега за сега немаме никакви дополнителни информации – и ние сме целосно изненадени од објавата која пристигна од Lamborghini. Објавена е една единствена фотографија од автомобил под покривка – и дефинитивно ја препознаваме формата на легендарниот Countach, но во посовремена интерпретација.

Дополнување: Според протечени информации и фотографии, новиот Countach ќе ја носи ознаката LP800-4 – а тоа значи дека ќе има надолжно поставен мотор, 800 коњски сили и погон на сите четири тркала. Се очекува дека најверојатно ќе биде базиран врз тековниот Aventador, но со значителни преработки за да го заслужи името.

Очекуваме нови информации наскоро!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.