Liberty Walk го претстави најлудиот бодикит за Lamborghini Aventador досега – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Liberty Walk го претстави најлудиот бодикит за Lamborghini Aventador досега

Најновиот бодикит на Liberty Walk е најлудиот, најширокиот и последниот, кој тие ќе го понудат за Lamborghini Aventador.

Како што производството на Aventador се ближи кон својот крај по повеќе од една декада, jапонскиот тјунер се збогува од него со масивниот „Silhouette Works GT-EVO“ бодикит, кој е ограничен на само 20 примероци.

Новиот GT-EVO бодикит го трансформира изгледот на познатиот суперавтомобил со средно поставен мотор. Промените започнуваат на предниот дел со уникатниот браник и сплитер, а тука се и отвори за вентлација над проширените странични крила, како и редизајниран преден поклопец.

Од страна измените изгледаат уште полудо. Тука се сместени нови прагови, кои продолжуваат во уште пошироки задни странични крила. Ново дизајнираните фелни и прилагодливата воздушна суспензија, дополнително го променуваат изгледот на овој Aventador.

Драстичните измени се протегаат и во задниот дел, каде е монтиран огромен заден спојлер, а неговите држачи се слеваат со страничните крила. Пред него се наоѓа уникатен поклопец на моторот, тркачки инспирирана перка, а тука е и нов браник со специјален дифузер.

Купувачите ќе можат да го добијат бодикитот направен од повеќе материјали, а цените се движат од 94,600 до 187,000 долари. Тоа се многу пари за бодикит кој не ги подобрува перформансите на автомобилот, но можеби е доволно за оние кои сакаат да бидат во центарот на вниманието.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.