full screen background image
Search

Ова е новиот Ford Focus RS – Доаѓа со повеќе од 315 коњски сили и погон на сите тркала!

За прв пат, ултимативната верзија на Focus ќе има погон на сите четири тркала – а и ќе му требаат – бидејќи од 2.3-литарскиот EcoBoost ќе има на располагање преку 315 коњски сили!

Доколку го видите на улица, новиот Focus RS ќе го препознаете веднаш по големите и агресивни отвори за воздух, новата предна маска и отвор на ладилникот, големите тркала, задниот дифузер и големиот заден спојлер. Ќе го препознаете и перформансите – кои сигурно ќе бидат импресивни – сепак, под поклопецот на моторот се крие истиот 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец со четири цилиндри кој се вградува и во новиот Mustang, но тука е доработен за да произведува „преку 315 коњски сили!“

За прв пат, силата ќе се пренесува преку сите четири тркала – да, Focus RS веќе не е со погон само на предните тркала – сега оди чекор понатаму и ќе се бори со сосем друга класа на жешки хечбекови! Системот за погон на сите четири тркала има активни, електронски-контролирани спојки и може да пренесе до 70% од силата кон задните тркала, а во зависност од ситуацијата, до 100% од вртежниот момент може да бидат насочени кон било кое задно тркало.

Ентериерот е дополнително доработен, со Recaro спортски седишта, SYNC мултимедијален систем со дисплеј од 8 инчи, 10 звучници од Sony, нов спортски управувач и педали, уникатни инструменти и многу други детали. Ќе се нуди во Nitrous Blue, Absolute Black и Stealth Grey бои. За жал, сината боја на промотивниот модел (која ја дели со новиот Ford GT) нема да биде достапна во сериското производство.

Поврзано:   Пристигна новата Ford Kuga!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.