Збогум 458 Italia, добредојде Ferrari 488 GTB! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Збогум 458 Italia, добредојде Ferrari 488 GTB!

Ferrari подготви прилично сериозно освежување за 458 Italia – и измените се толку значителни што новиот модел со турбо мотор заслужи и ново име – 488 GTB!

Веднаш да започнеме со најважното – 488 GTB носи 3.9-литарски V8 турбо-бензинец кој испорачува 670 коњски сили при 8000 вртежи во минута и 760 Nm вртежен момент! Тоа е доволно за автомобилот да стигне до „стотка“ за рамно 3 секунди и да продолжу да забрзува до максимална брзина која е „повисока од 330 километри на час“! Бенчмаркот од 200 километри на час се постигнува за само 8.3 секунди, а според Ferrari за еден круг околу патеката Fiorano се потребни само 1 минута и 23 секунди!

ferrari-488-gtb-frontback

Моторот работи во соработка со 7-степен менувач со двојна спојка и варијабилна дистрибуција на вртежниот  момент, па според Ferrari, 488 GTB е „најреспонзивниот сериски автомобил на светот. Одговорот е секогаш остар и времињата се споредуваат со возила наменети исклучиво за тркачката патека.“

ferrari-488-gtb-rearside

Покрај новиот мотор, автомобилот добива и аеродинамични подобрувања, како и специјално изведен долен ден кој дополнително ја подобрува аеродинамиката со „вортекс генератори“, што и да се тие. Предниот дел е значително изменет и затегнат, а задниот дел добива скоро целосно нови светла, нова поставеност на издувниот систем и нов, повисок дифузер.

ferrari-488-gtb-interior

Во внатрешноста има нови контроли и нови детали, а кокпитот е целосно ориентиран околу возачот. Нови се и инструментите како и графичките елементи на инструментите. Официјалната презентација ќе биде во Женева, а продажбата ќе започне набргу потоа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.