SsangYong го најавува новиот робустен кросовер X200 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SsangYong го најавува новиот робустен кросовер X200

SsangYong го најави претстојниот кросовер, чии дизајнерски јазик несомнено потсетува на моделите на Jeep.

Како последица на зголемената побарувачка на кросовери со „погруб“ изглед, X200 оди по стапките на се попопуларната дружина на „покоцкасти“ кросовери – како Ford Bronco, Suzuki Jimny и Jeep Renegade.

Деталите за новиот модел на SsangYong се ограничени, бидејќи најавата се однесува само на неговиот екстериер, кој навистина изгледа привлечно. Сепак, предниот дел со неговите кружни светла и предната решетка со вертикални отвори за вентилација многу личи на дизајнот на Jeep.

Тркалата заедно со страничните крила се издадени нанадвор, со цел да се добие кратки надвисоци на предниот и задниот дел, а тоа резултира со подобар агол на пристап при искачување и симнување на препреки.

Позади новиот X200 е уреден со покоцкасти светла, помеѓу кои е сместен држач за резервно тркало. На горниот дел се забележува отстранлив покрив, кој седи под кровните шини.

Предимензионираните тркала, црвените куки за влечење и сребрените заштитни плочки на предниот и задниот браник навистина ја нагласуваат неговата теренска способност, но многу е веројатно дека некои од овие елементи ќе бидат променети кај серискиот модел.

SsangYong X200 е базиран на „Погонуван од Цврстина“ дизајнерската филозофија, која го претставува новиот карактер на изгледот на нивните возила во иднината. Дел од тој карактер ќе бидат и еколошките погонски единици.

Повеќе детали за атрактивниот кросовер на SsangYong очекуваме наскоро.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.