Наследникот на Fiat Punto ќе пристигне во 2023 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наследникот на Fiat Punto ќе пристигне во 2023

Stellantis објави дека Fiat ќе лансира нов модел во Б-сегментот во 2023, како прв автомобил базиран на заедничката платформа.

Под терминот „заедничка платформа“, Stellantis очигледно мисли на CMP платформата развиена од PSA групацијата. На неа веќе се базирани повеќе модели како Peugeot 208 и 2008, Opel Corsa и Mokka, Citroen C4 и DS 3 Crossback, заедно со нивните целосно електрични изведби.

Сепак, во 2022 Stellantis ќе претстави надградена верзија од платформата, која ќе се користи во идните модели.

Новиот супермини модел на Fiat ќе биде лансиран во 2023 како благ хибрид или стандардна хибридна комбинација со мотор со внатрешно согорување, додека целосно електрична изведба со батерии би можела да пристигне по 2024. Во истата година и Lancia ќе добие свој наследник на Ypsilon, кој исто така ќе биде понуден во хибридна и целосно електрична изведба.

Fiat отсекогаш бил прилично успешен во А и Б-сегментите во поглед на продадени возила. Во сегментот за мали градски автомобили, 500 и Panda се сеуште бестселери во Европа, и покрај тоа што се базираат на модели што беа претставени во 2007 и 2011 година. Сепак, отсуството на супермини модел од гамата на Fiat се чувствуваше од 2018 кога последниот примерок на Punto ја напушти производствената лента.

Зборувајќи за моделот Punto, неговата прва генерација беше дизајнирана од Џорџето Џуџаро и беше лансирана во 1993 како замена за Uno. Првото Punto беше достапно со верзии со две врати (кабрио), три врати и пет врати. Го заврши своето производство како успешен модел со остварени над 3.4 милиони примероци.

Втората генерација со еволутивен, но поостар дизајн се произведуваше од 1999 до 2004 со помош на средовечно обновување и забележа вкупно 2.96 милиони возила. Најпривлечните верзии беа спортските три-вратни Sporting и HGT варијанти.

Поврзано:   Луѓето ја сакаат Fiat Panda - Fiat им го дава на луѓето она кое го сакаат!

Третата и последна генерација, која дебитираше во 2005 беше повторно дизајнирана од Џорџето Џуџаро и се одликуваше со позрел дизајн. Имаше позаоблени предни светла, инспирирани од моделите на Maserati, но ги задржа карактеристичните високо поставени задни светла.

Иако го започна својот живот како Grande Punto (2005-2009), Fiat го прекрсти во Punto Evo (2009-2012) и потоа повторно во Punto (2021-2018) со секое последователно освежување. Сите варијатни од третата генерација на Punto се продадоа во вкупна бројка од 2.67 милиони примероци пред моделот да биде укинат во 2018 без да биде објавен негов директен наследник.

Интересен факт е дека третата генерација на Punto беше базирана на истата GM-Fiat мала платформа со Opel Corsa D (2006-2014) и Corsa E (2014-2019). Наследниците на двата модели повторно ќе делат иста платформа, но овој пат тоа ќе биде CMP платформата од нивниот поранешен конкурент PSA групацијата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.