ПРЕМИЕРА: Porsche 911 GT2 RS Clubsport 25 е само за тркачките патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche 911 GT2 RS Clubsport 25 е само за тркачките патеки!

Porsche Motorsport и Manthey Racing ја претставија специјалната изведба на 911, која е наменета да ја прослави 25-годишнината на Manthey Racing.

Специјалната изведба се вика 911 GT2 RS Clubsport 25 и ќе биде произведена во само 30 примероци.

Автомобилот влече инпирација од 911 GT3 на Manthey, но добива редизајниран преден дел со правоаголни отвори за воздух (дали само нам ни наликуваат на отворите за воздух кај 911 RWB?), нови светла, карбонски поклопец, специјални отвори за воздух и многу повеќе. Според Porsche, новите отвори за воздух значително го подобруваат протокот на воздух  кон предните сопирачки.

Дополнително, користени се елементи од 935 Clubsport – а тоа значи поширок траг, голем заден спојлер, многу карбон, голем заден дифузер и многу аеро-елементи. За задвижување е задолжен 3.8-литарски шест-цилиндерски боксер кој испорачува 700 коњски сили, кои се пренесуваат кон задните тркала преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Нарачките се веќе отворени, а ако сакате да нарачате примерок бидете подготвени да платите 525.000 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.