full screen background image
Search

Првиот целосно електричен Jeep ќе пристигне во 2023

Производителот Jeep објави дека првиот целосно електричен модел ќе го лансира во првата половина од 2023 година.

Ова беше потврдено кога претставници на Stellantis објавија дека ќе лансираат вкупно 21 возило со ниска емисија на издувни гасови, во текот на следните две години, како дел од планот да инвестираат околу 35.5 милијарди долари во електрифицирани возила до 2025.

Jeep не прецизираа точно кој модел ќе биде првиот понуден со целосно електричен погон, но неодамна го претставија електричниот Magneto концепт, кој е базиран на Wrangler. Тоа значи дека постојат големи шанси електричниот модел да биде следната генерација на тврдокорниот теренец.

Американскиот производител веќе го продава Wrangler во хибридна 4xe изведба, а во Европа и Кина ги нуди моделите Compass и Renegade со plug-in хибридна конфигурација. Покрај тоа, моделот Commander се продава во PHEV изведба во Кина, а Jeep се подготвува да лансира plug-in хибридна верзија од Grand Cherokee при крајот на оваа година.

Според нивните пресметки, Jeep очекува дури 70 проценти од нивните продажби да ги сочинуваат електрифицирани возила до 2025.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.