full screen background image
Search

Volvo ќе ја промени номенклатурата на своите претстојни модели

Шведскиот бренд објави дека ќе го напушти алфанумеричкото именување на своите модели и ќе го замени со вистински имиња.

Volvo одлучи да направи уште една промена во однос на нивните идни возила. Покрај масовната електрификација, производителот ќе ја напушти стратегијата на алфанумеричко именување, која ја започна во 90те.

Како последица на тоа, идните кросовери на Volvo нема повеќе да ја користат ознаката „XC“, додека нивните седани ќе ја напуштат ознаката „S“. Наместо нив, компанијата ветува „поемотивни“ имиња.

Ова значи дека Volvo нема да ги именува своите автомобили по имиња на градови или нешто слично, туку ќе користи помелозвучни имиња, кои ќе предизвикаат некакви емоции кај купувачите.

Првиот модел на Volvo кој ќе го започне овој нов тренд е наследникот на XC90. Неговото име наскоро ќе биде објавено, а неговиот дизајн ќе биде инспириран од Recharge Concept. Тој се одликуваше со малку поразличен дизајн од оној на сегашните модели, но ја задржува „Т“ формата на LED светлата.

Покрај промената во именувањето, Volvo најверојатно ќе ги напушти и вобичаените ознаки на предните крила и багажникот, што значи дека нема да има повеќе модели со T8 или All-Wheel Drive значки.

По наследникот на XC90, Volvo ќе претстави и помал електричен кросовер. Во сегашната гама тој би се вклопил како XC20, но кога ќе започне со производство ќе добие ново име.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.