Porsche им постави ултиматум на добавувачите да се префрлат на обновлива енергија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche им постави ултиматум на добавувачите да се префрлат на обновлива енергија

Porsche ги повика своите добавувачи да се префрлат целосно на обновливи извори на електрична енергија или во спротивно нема да добијат нови договори.

Германската компанија има околу 1,300 добавувачи на делови и сака да посигне CO2 неутралност во целосниот процес на производство до 2030. Во моментов, добавувачите на Porsche се одговорни за 20 проценти од вкупната количина на издувни гасови, но се очекува тоа да порасне на 40 проценти до 2030, како последица на електрификацијата на нивните возила.

Во најновата изјава, Porsche побара од добавувачите да користат исклучиво обновливи извори на електрична енергија ако сакаат да добијат нови договори за снабдување производствен материјал за идните возила. Доколку некој добавувач не се согласува да премине на зелена енергија, тој повеќе нема да добие нов договор за соработка.

Членот на извршниот одбор на Porsche AG – Уве-Карстен Штадтер изјави: „Нашите добавувачи на батерии веќе се префрлија на зелена енергија од 2020. Сега го правиме следниот важен чекор: утврдуваме дека нашите сериски добавувачи ќе користат само обновлива енергија за да ги произведуваат нашите компоненти, со цел да ја намалиме емисијата на CO2 гасови уште повеќе“.

Porsche исто така ги намали емисиите на CO2 од нивните фабрики. Фабриката во Цуфенхаузен каде се произведува моделот Taycan e CO2 неутрална од 2019, додека останатите производствени ленти во главната фабрика се неутрални на јаглерод диоксид од 2020.

Покрај тоа, развојниот центар на Porsche во Вајсах и фабриката во Лајпциг каде се произведуваат Macan и Panamera се CO2 неутрални од почетокот на оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.