full screen background image
Search

Најмоќната Porsche Panamera е плаг-ин хибрид со 700 коњски сили!

Porsche неодамна ја освежи Panamera, а деновиве претстави уште неколку различни изведби на луксузниот спортски автомобил – од кои најмоќната има 700 коњски сили благодарение на моќен V8 и хибриден погон.

Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid комбинира 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 570 коњски сили, кој пак соработува со батериски модул со капацитет од 17.9 kWh и електромотор кој испорачува дополнителни 136 коњски сили. Вкупната, комбинирана моќност е 700 коњски сили и 870 Nm вртежен момент – доволно за Panamera и Panamera Sport Turismo да можат да забрзаат до 100 километри на час за 3.2 секунди и да постигнат максимална брзина од 315 километри на час.

Понатаму, тука е и новата Panamera 4 E-Hybrid која комбинира твин-турбо V6 со хибриден погон за вкупно 460 коњски сили, „стотка“ за 4.2 секунди и максимални 280 километри на час. оваа верзија забрзува до 100 километри на час за 4.4 секунди и постигнува максимални 280 километри на час.

Panamera Turbo S E-Hybrid може да помине до 50 километри на електрична енергија, додека помалку моќната Panamera 4 E-Hybrid до 56 километри на електрична енергија.

Porsche ја претстави и новата Panamera 4S. Оваа верзија има само конвенционален мотор на внатрешно согорување – но одличниот 2.9-литарски твин-турбо V6 испорачува 440 коњски сили и овозможува лансирање до 100 километри на час за 4.1 секунда (кога го има и Sport Chrono пакетот), како и максимални 295 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.