Вечерно Кино: Како се произведува Maserati MC20 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Како се произведува Maserati MC20

Maserati овозможи поглед во производството на најспортскиот модел во актуелната гама, во фабриката во Модена, Италија.

MC20 е погонуван од твин-турбо V6 агрегат усогласен со осум-степена трансмисија со двојна спојка. Тој располага со 630 кс при 7,500 вртежи и вртежен момент од 730 Nm од 3,000 до 5,500 вртежи во минута. Овие бројки му овозможуваат забрзување од 0-100 км/ч за 3.0 секунди, додека максималната брзина изнесува 325 км/ч.

Направен од карбон фибер и суперлесни композити, новиот MC20 може да се пофали со релативно ниска тежина од 1,500 килограми. Суперавтомобилот се одликува со значително повоздржан дизајн од моделите на Ferrari, кој е потпишан од дизајнерот со Германско потекло Клаус Бусе.

Погледнете како се одвива неговото производство и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.