Концептот е развиен во соработка меѓу Škoda Motorsport, Skoda Austria, Kreisel Electric и Baumschlager Rallye & Racing – и има 354 коњски сили и 600 Nm вртежен момент!
Michal Hrabánek – челникот на Škoda Motorsport изјави дека „концептот е возбудлива комбинација од традиционална и идна технологија, а автомобилот ги нуди сите можности за нагодување на најновиот Škoda Fabia Rally2 Evo автомобил, но со целосно-електричен погон.“
Концептот е всушност темелно преработена Fabia Rally2 Evo, во која е вграден електричен погон изработен од Kreisel. Електричната Fabia користи батериски модул со капацитет од 52.5 kWh и електромотор кој испорачува 354 коњски сили и моќни 600 Nm вртежен момент – и ако мислите дека тоа не е многу, имајте предвид дека перформанси се достапни „од нула“, а стандардниот рели-автомобил користи 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 291 коњска сила и 452 Nm вртежен момент.
Батериите се поставени ниско во подот, а концептот добива и специјален полнач со максимална моќност од 200 kW, кој ќе овозможи брзо полнење на рели-трките.
Интересен е податокот дека концептот е целосно-хомологиран од Австриската Моторспорт Федерација (ÖAMTC), што пак му дозволува да се натпреварува на Австрискиот Рели Шампионат оваа гопдина.