Ф1 Австрија: Победа на Макс Верстапен и подиум со 3 различни конструктори – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ф1 Австрија: Победа на Макс Верстапен и подиум со 3 различни конструктори

На вчерашната трка во Австрија Макс Верстапен се покажа со извонредно возење и го долови првото место како и најбрзиот круг за патеката. Зад него заврши Ботас, а третото место го освои Ландо Норис. Изедначеноста во перформансите на болидите доведе до многу интересен подиум со 3 различни конструктори на огромно задоволство на публиката.

Сите беа облечени во портокалови маички за поддршка на Макс Верстапен, кој конечно се најде во конкурентен болид оваа година па успеа да ги преточи своите таленти во поени во генералниот пласман. Овациите беа непрекинати за него и во текот на квалификациите, а потоа и во трката. Дел од гледачите забележаа сличност со Михаел Шумахер во возењето на Макс кој иако беше прв не го штедеше болидот ниту пневматиците, максимално го оптерети истиот и круг зад круг правеше рекорди на патеката. И тоа не за малку. За цели секунди побрз од самиот себе. Имено постави најбрз круг 1.07 секунди, а за кратко време тоа го спушти на 1.06 секунди! Што би рекол Макс „Нема да возам како баба“, и навистина не возеше. Возеше на работ на можностите и направи толку голема предност, што во стилот на Шумахер остана време да еден питстоп плус од останатите, да си промени пневматици и пак да искочи на првото место. Дури имаше и реакции од тимот дека може малку да здивне последните неколку круга бидејќи е на најсвежи гуми, згора на тоа е прв, и уште понатаму го има и најбрзиот круг со многу голема маргина.

Норис со неговото одлично возење ги долови срцата на публиката со својот портокалов болид, и овациите за него беа еднакво гласни како за Макс. Дури се пошегува дека публиката се облекла во портокалово за да го поддржи Мекларен. Сепак многу задоволен од своето возење, но ожалостен што не успеа да го долови второто место. Сепак беше многу достижно, ама шансите беа ограничени. А и казната го закова едно место подолу.

Перез претера со својата агресивност многу рано во трката и со тоа изгуби позиции кои не можеше да ги надокнади потоа. А доби и казна за агресивното возење.

Ботас се искачи на второто место, пришто го претекна Луис Хамилтон кој остана на четвртото место.

Дури единаесет возачи беа разгледувани од жирито за санкции, а тројца беа казнети.

Резултатот на крајот беше:

  1. Max Verstappen, Red Bull
  2. Valtteri Bottas, Mercedes
  3. Lando Norris, McLaren
  4. Lewis Hamilton, Mercedes
  5. Carlos Sainz, Ferrari
  6. Sergio Perez, Red Bull
  7. Daniel Ricciardo, McLaren
  8. Charles Leclerc, Ferrari
  9. Pierre Gasly, AlphaTauri
  10. Fernando Alonso, Alpine

Автор: Дејан Маликовски

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.