full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави новиот електричен ID.4 GTX!

Најспортскиот ID претставен досега ја носи ознаката ID.4 GTX, има 299 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за само 6.2 секунди!

Во однос на „обичниот“ ID.4, GTX изведбата добива уште еден, втор електромотор поставен на предната оска – а сето тоа значи 299 коњски сили. Вртежниот момент сега за сега не е објавен, но од Volkswagen кажуваат дека ID.4 GTX забрзува до 100 километри на час за 6.2 секунди – повеќе од 2 секунди побрзо во однос на ID.4, додека максималната брзина е 180 километри на час.

Но што всушност значи GTX? GTX новиот под-бренд на Volkswagen кој ги спојува перформансите и електричната мобилност. Исто како што GTI, GTD и GTE значат нешто посебно за бензинците, дизелите и плаг-ин хибридите, GTX означува спортска изведба на електричните модели. ID.4 GTX доаѓа со големата батерија со капацитет од 77 kWh и според најавеното ќе може да помине околу 480 километри со едно полнење на батериите. Секако, тука е брзото полнење со максимална моќност од 125 kW кое овозможува да дополните 300 километри за околу 30 минути полнење.

ID.4 GTX ќе го препознаете по IQ.Light LED Matrix педните светла, црниот заден спојлер и црните отвори за воздух. Допонително, добива амбиентално осветлување во 30 бои, црвени шевови во ентериерот, загревање на управувачот и 20 или 21-инчни тркала. Со Sports пакетот добива 15 милиметри пониска суспензија и прогресивно управување, а може да се добие и DCC адаптивна суспензија.

Volkswagen очигледно ја гледа вредноста во спортските интерпретации на своите модели – и навистина сме среќни што по GTI, GTD и GTE моделите, ваква своја изведба добиваат и новите електрични возила од ID-гамата!

Поврзано:   Викендов се одржа Автоплус Street Show 2021


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.