full screen background image
Search

Видео играта WRC 10 пристигнува со нови патеки и историски релија

NACON и развојното студио KT Racing го објавија првото најавно видео од играта, која ќе биде достапна од 2ри Септември за PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series и Nintendo Switch.

Светскиот Рели Шампионат ја слави својат 50та сезона во 2022 година, а ова се совпаѓа со ласирањето на видео играта WRC 10. Новото издание на популарната видео игра ветува многу нешта, започнувајќи со пореална и попрецизна физика и подобро прилагодени аеродинамички сили, турбо забрзувања и сопирање, на сите површини.

Покрај тоа, ќе бидат додадени патеките од Естонија, Хрватска, Белгија и Шпанија, а исто така и неколку историски рели патеки како Акрополис, Сан Ремо, Германија и Аргентина.

Повторно, Career модот ќе овозможи креирање на свој тим со уникатни тркачки бои или придружување на еден од постоечките 52 официјални тимови од 2021 сезона. Секој играч ќе може да ја започне својата кариера од Junior WRC и да се искачи на подиумот до водечката WRC серија.

Видео играта ќе има и натпреварувачки онлајн формат, каде ќе може да предизвикате ривали од целиот свет. Исто така во eSport модот ќе може да создадете свој клуб и да се тркате со други клубови во дневни и неделни турнири.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.