Во салонот на BMW пристигна освежената Серија 5! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на BMW пристигна освежената Серија 5!

Во салонот на М Кар – импортерот на возилата на BMW за Македонија – пристигна освежената Серија 5!

Како што веќе пишувавме, со освежената Серија 5 на BMW пристигнуваат многу новитети. Големиот премиум седан добива потенки светла (кои сега стандардно ќе бидат Adaptive LED, a по нарачка ќе можат да се добијат LaserLight светла), како и редизајнирани дневни светла кои истовремено функционираат и како трепкачи. Задниот дел добива модернизирани и потемни задни светла, редизајниран браник и нови завршетоци на издувниот систем.

Профилот останува ист – но серијата 5 веќе изгледа динамично. Секако, нови браници добива и M-Sport изведбата – кои имаат поголеми отвори за воздух, а препознаваме и нов заден спојлер интегриран во поклопецот од багажникот, како и нов заден дифузер.

Кабината го добива најновиот iDrive систем со 12.3-инчен екран на централната конзола. Новиот iDrive доаѓа со навигација, како и Apple CarPlay и Android Auto функционалности. Нови и се и дигиталните инструменти пред возачот, исто така поставени на 12.3-инчен дисплеј.

Во однос на понудата на мотори – и понатаму ќе бидат достапни добро-познатите турбо-бензински и турбодизел мотори, како и освежениот 530e плаг-ин хибрид. Основниот бензинец е 520i со 184 коњски сили, додека на самиот врв на понудата е M550i xDrive со V8, 530 коњски сили и 750 Nm вртежен момент.

Дизелската понуда започнува со 520d со 190 коњски сили, а на самиот врв е 540d со 340 коњски сили. Хибридниот 530e комбинира 2-литарски турбо-бензинец со електромотор за да испорача вкупно 292 коњски сили и 420 Nm вртежен момент. Новитет кај освежената Серија 5 е и лајт-хибридниот пакет со стартер-генератор кој генерира дополнителни 11 коњски сили.

Во моментов нашите пријатели од BMW имаат подготвено специјална понуда за 520d со М пакет и многу дополнителна опрема кој чини од 61.150 Евра. За повеќе информации посетете го салонот на BMW, или пак официјалната веб-страница.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот BMW M5 е најмоќниот (и најтешкиот) M5 во историјата!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.