dÄHLer нуди повеќе сила и агресивност за BMW M135i – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

dÄHLer нуди повеќе сила и агресивност за BMW M135i

Ако сакате повеќе сила и поагресивен став за вашиот нов BMW M135i, компанијата dÄHLer создаде пакет тјунинг пакет како решение на ова барање.

Стандарниот BMW М135 доаѓа со 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат кој произведува 306 кс и 450 Nm вртежен момент, а ги испорачува кон сите тркала преку осум-степена автоматска трансмисија.

Ова му овозможува на спортскиот хечбек да забрза од 0-100 км/ч за 4.8 секунди и да достигна максимална брзина од 250 км/ч.

Пакетот на dÄHLer ја зголемува силата на 348 кс и 500 Nm вртежен момент, што во превод се зголемувања од 42 кс и 50 Nm. Компанијата не објави колку изнесува новото време за забрзување, но максималната брзина е зголемена на 265 км/ч.

Покрај подобрувањето на перформансите, dÄHLer нуди нов издувен систем со керамички обложени издувни цевки со дијаметар од 114 милиметри, како и вентил со контрола на гласноста на звукот.

Во понуда е исто така и целосно прилагодлива коиловер суспензија или пониски пружини оптимизирани да функционираат заедно со стандардните амортизери.

Исто како и другите тјунинг пакети, така и овој содржи сет од големи тркала. Ултра-лесните 20-инчни фелни од кован челик се 30-35 проценти полесни од фабричките алуминиумски фелни и значително ја подобруваат динамиката на автомобилот.

За да дознаете колку чини секоја од овие надградби ќе мора директно да ги контактирате dÄHLer.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.