Официјално: Пристигна кабриолет верзијата на BMW Серија 4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Пристигна кабриолет верзијата на BMW Серија 4

Германскиот бренд ја откри изведбата со отворен покрив од новата генерација на Серија 4, за љубителите на повеќе ветер во своите коси.

За разлика од претходникот, новата кабриолет верзија доаѓа со мек кров, благодарение на кој автомобилот има намалена тежина, поголем багажен простор и пониско тежиште.

Мекиот кров е составен од повеќе слоеви на изолација и текстилна облога, сериски достапна во црна боја и опционална металик црна нијанса. Тој може да се отвори и затвори за 18 секунди до брзина до 50 км/ч. Багажниот простор е зголемен на 255 литри, што претставува зголемување од 34 литри во однос на претходната генерација.

Димензиите, како и погонските единици се преземени од купе изведбата, па така палетата на моделски верзии ќе ги вклучува 430i и M440. Првиот од нив доаѓа со 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат со 258 кс и 400 Nm вртежен момент, додека посилниот располага со шест-цилиндерски турбо-бензинец со mild hybrid технологија со 374 коњски сили и 500 Nm вртежен момент.

Сите модели можат да се добијат со заден или погон на сите тркала и доаѓаат опремени со осум-степена автоматска трансмисија, но M440i има сериски вграден M Sport заден диференцијал.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.