full screen background image
Search

ВРЕМЕПЛОВ: Peugeot прославува 210 години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации!

Францускиот бренд оваа година го прославува својот 210-ти роденден – а низ изминативе 210 години Peugeot покажа дека е бренд кој постојано иновира, го надминува максимумот и секогаш е во чекор со трендовите, но и иднината!

Главната цел на тимот на Peugeot секогаш била самиот бренд да расте, да се иновира и да се докаже дека иако ја почитува традицијата, сепак е подготвен да понуди уникатен дизајн и да воведе новитети. Peugeot е современ реалист кој е подготвен да одговори на побарувањатра и на најпребирливите побарувачи, и кој во своето работење се потпира на два главни столбови – емоцијата и движењето!

Денес – 210 години подоцна – Peugeot се издвојува со својата континуирана неуморност во воведување на нови, иновативни решенија, креирање на уникатни и препознатливи автомобил, како и стремежот кон воведување на 100%-електрични возила за секој модел во гамата. А тоа значи еколошки возила, кои се практични, безбедни и нудат максимално уживање.

Малку историја…

На 26-ти септември 1810 година, компанијата PEUGEOT Frères Aînés беше официјално основана од страна на „контрибутор со готовина“, запишан во Централен регистар, што сè уште се наоѓа во архивите Тере-Бланш. (Terre-Blanche), Дубс (Doubs).

Повеќе од два века, фамилијата Peugeot е присутна во модната револуција. Почнувајќи од 19 век, со воведување на челичната жица во кринолинските здолништа, а потоа ја покренува револуцијата за мобилност со велосипеди и автомобили. Со фокус на истражување и развој, Peugeot секогаш се прилагодува на временските промени, стилови и потреби од страна на клиентите и на тој начин постојано е чекор напред.

Поврзано:   Новиот Peugeot Partner е достапен во 2.1.0 Let's Go! кампањата на Peugeot

Peugeot е бренд изграден од страна на креативни луѓе, инженери, дизајнери, кои со векови ги предизвикуваат нормите – со цел да креираат и осмислат нови стандарди на возење и управување. Благодарение на оваа алијанса на слободоумни мажи и жени, Peugeot никогаш не престана да се надградува како бренд и низ годините продолжи да прераснува во стабилен и моќен идентитет.

Затоа денес овој Бренд слави цели 210 години на градење успешна приказна!

За да ја прослави својата богата историја, тим од Peugeot Design Lab дизајнираше лого за одбележување на 210-годишнината од постоење. Лого кое е креација на беспрекорните умови на тимот. Лавот е прикажан странично во логото подвлечено со стрела. Станува збор за најстарото постоечко лого на Брендот (регистрирано во 1858 година) кое симболизира три квалитети прикажани од самиот почеток: флексибилност, моќ и издржливост и брзина. Стрелата го симболизира терминот брзина.

Насловот „210 Години“ се однесува на историјата на брендот, но и на следните 210 години што доаѓаат. Подвлечени се црно-белите бои на логото кои упатуваат на умереност и економичност, мантрата на Peugeot. Кругот околу Лавот го истакнува логото како амблем, на кој секој ќе биде горд да го користи како свој.

Повеќе од 2 века подоцна – Peugeot фамилијата сè уште расте, и тоа повеќе од било кога.

Тоа се 210 години поминати во „кршење на правилата“. 210 години следење на мудрите зборови на Armand:
“Si nous sommes assez hardis et habiles, nous ferons de Peugeot l’une des plus grandes affaires industrielles de France.” – „Ако сме доволно паметни и силни, од Peugeot ќе создадеме еден од најголемите бизниси во индустријата на Франција.“

Очигледно и биле доволно смели. Доволно смели, за дури и да се прошират во светски рамки.

Поврзано:   Сакате нов Peugeot 208? Одберете меѓу бензин, дизел и струја!

И запомнете ова, е само почеток!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.