Во Скопје пристигна Audi Q3 Sportback! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Скопје пристигна Audi Q3 Sportback!

Купеовската изведба на кросоверот на Audi пристигна во Скопје – и изгледа навистина привлечно во овие модерни и забележителни бои!

Иако има разлики и во дизајнот на предниот дел, сепак најголемата разлика во однос на конвенционалниот Q3 е во задниот дел. Опаѓачката кровна линија и заострената форма на страничните прозорци му даваат на Q3 Sportback значително подинамичен лик во „обичниот“ Q3. Ние веќе го возевме Q3 (нашиот тест можете да го прочитате тука), а се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да седнеме и зад управувачот на Q3 Sportback.

Инаку, купеовската изведба на Q3 може да се добие со истите погонски единици со кои се нуди и регуларниот модел – а тоа значи докажана гама на TSI турбо-бензинци, TDI турбодизели како и моќна RS Q3 Sportback варијанта со 400 коњски сили. Секако, ќе можете да изберете и меѓу погон на предните или Quattro погон на сите четири тркала, како и меѓу мануелен или S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка.

За време на краткото запознавање со Q3 Sportback забележавме дека не е направен преголем компромис во однос на просторната понуда во кабината. Аголот на наслонот на задните седишта се прилагодува, а целата задна клупа може да се помести нанапред или наназад за 130 милиметри со цел да се добие повеќе простор за нозете на патниците, или пак повеќе простор во багажникот. Багажниот простор нуди капаците од 530 литри, кои нараснуваат на 1400 литри со преклопени задни седишта.

Секако, Q3 Sportback има модерна кабина, а достапни се сите напредни системи за асистенција кои Audi ги нуди и кај останатите модели. Пред возачот се поставени дигитални инструменти, а на централната конзола се поставени мултимедијалниот уред, како и контролите за клима-уредот.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi A4 станува А5, претставен и нов S5


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.