Новиот супер-жежок хот хеч на Toyota доаѓа директно од WRC натпреварите!
Колку за потсетување, Toyota GR Yaris е придвижуван од 1.6-литарски турбо-бензинец со три цилиндри кој испорачува дури 261 коњска сила и моќни 360 Nm вртежен момент. Бидејќи GR Yaris тежи само 1280 килограми, тоа значи дека за секоја коњска сила, супер-моќниот хечбек тежи само 4.9 килограми, а силата ја испорачува кон сите четири тркала.
Резултат на сето тоа? Спринт до 100 километри на час за помалку од 5.5 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 230 километри на час.