ПРЕМИЕРА: Со GT Heritage Edition, Ford ја прославува тркачката доминација во 1966! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Со GT Heritage Edition, Ford ја прославува тркачката доминација во 1966!

1966 беше важна година за Ford – Ford доминираше на Le Man и победи на Sebring – но сето тоа започна со победата на Daytona 24 Hour!

Со цел да ја прослави оваа победа, Синиот Овал го претстави Ford Gt Heritage Edition, и директно оддава почит на возилото со кое Ken Miles победи на 24-часовната трка во Дејтона – ги препознаваме црните и црвените детали, црните линии и „98“-цата на вратите. Дополнително, специјалниот Ford GT добива детали од карбон, специјални 20-инчни ковани тркала во Heritage Gold боја и црвени Brembo сопирачки. Кабината добива алкантара на конзолата, управувачот и седиштата.

Оние кои сакаат повеќе, можат да добијат и 20-инчни карбонски тркала како дел од дополнителниот Heritage Upgrade пакет, но ние би ги задржале златните. Ford претстави и Studio Collection пакет на дополнителни винили и декоративни елементи кои се дел од соработката меѓу Ford Performance и Multimatic, компанијата која всушност го произведува Ford GT.

Ford потврди дека само 40 примероци на GT ќе можат да го добијат Studio Collection пакетот, но не потврди колку Heritage Edition примероци ќе бидат произведени – но сигурни сме дека бројката ќе биде ограничена – Ford веќе потврди дека производството на новиот GT ќе заврши во 2022.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.