Нешто ново и интересно кај нас – нашите другари од Drive In Cinema Велес организираат токму гледање филм – од комфорот на вашиот автомобил!
Следниот филм е закажан за утре – Сабота, 15-ти Август, а филмот кој ќе се прикажува е The Beach Bum со Метју Мекконахи. Подолу можете да го видите трејлерот за филмот, како и видео од минатиот настан, на кој бевме и ние – и си поминавме одлично!
А еве како беше минатиот пат – организацијата е навистина супер! Се гледаме утре во драјв-ин кино во Велес, а за повеќе информации и резервации можете да ги контактирате момците и девојките кои го организираат настанот на 078 265 516 и 087 430 356.