Hyndai постави нов рекорд за автономија на електричен автомобил – три примероци на Kona Electric поминаа по повеќе од 1000 километри со едно полнење!
Рекордерското возење на Hyundai се одвиваше на Lausitzring патеката во Германија, каде три примероци на Kona Electric поминаа по повеќе од 1000 киолометри со едно полнење – односно 1018.7, 1204.1 и 1026 километри!
Тестот траел скоро 35 часа, а вклучени биле три тимови – два од Hyundai и еден од германскиот AutoBild, додека надзорот бил од Dekra. Автомобилите немале никакви модификации и возеле на стандардни 215/55-R17 пневматици. Секако, биле исклучени клима-уредите, како и мултимедијалните уреди, но дневните светла работеле нормално со цел возилата да бидат целосно-легални за возење на улица.
Просечната брзина за време на тестирањето била меѓу 29 и 31 километар на час. Ова можеби делува како да не е доволно брзо, но од Hyundai кажуваат дека токму ваквите брзини ги отсликуваат просечните брзини на движење во град – онаму каде електричните возила имаат најдобри перформанси, но и каде ограничувањето на брзината неретко е токму 30 километри на час.
Според официјалните WLTP мерења, Kona Electric има автономија од 449 километри, а ваквиот подвиг само кажува колку всушност автономијата на било каков автомобил највеќе зависи од стилот на возење. Одличен рекорд на Hyundai!