Mercedes-Benz објави уште детали од кабината на новата S-Class. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz објави уште детали од кабината на новата S-Class.

Од Mercedes-Benz кажуваат дека ентериерот на новата S-Class е „третото место“ – односно, местото во кое ќе најдеме прибежиште од секојдневните обврски и стресот.

Премиерата на новиот знаменосец на Mercedes-Benz е закажана за 2-ри Септември, а денес имаме информации токму околу кабината на новиот голем, луксузен седан.

Веќе знаеме дека S-Class ќе ја добие најновата генерација на MBUX мултимедијалниот систем на Mercedes-Benz, а сега можеме да посветиме малку внимание на оние, посебните луксузни детали очекуваме да бидат дел од ваков скап автомобил. Од Mercedes-Benz кажуваат дека покрај тоа што кабината на S-Class е „третото место“ – односно прибежиште од домот и работното место, истовремено ќе нуди „амбиент на добросостојба со карактер маркиран со елеганција, висок квалитет и леснотија“.

Од Mercedes-Benz кажуваат дека голем дел од инспирацијата за дизајнот на ентериерот на S-Class доаѓа од луксузните јахти – и навистина, можеме да забележиме такви детали. Купувачите можат да одберат дрво кое е директно инспирирано од јахтите во кое има вградени елементи од внимателно-обработен алуминиум. Секако, тука се и многуте луксузни детали – тенките странични отвори за вентилација, новите седишта, новиот управувач…

Конечно, од Mercedes-Benz кажуваат и просторната понуда ќе биде „соодветно дарежлива“ како во верзијата со нормално, така и во верзијата со продолжено меѓуоскино растојание. Достапни ќе бидат дури пет конфигурации на задните седишта – со две или три седишта, со нагодливи седишта, со преклоплив централен наслон или „бизнис централна конзола“.

Секако, S-Class и понатаму ќе биде еден од најкомфорните автомобили на пазарот – особено внимание е посветено токму на комфорот и звучната изолација, а од Mercedes-Benz кажуваат дека е посветено внимание и на добросостојбата на патниците, па ќе бидат достапни неколку Energizing Comfort програми кои ќе направат попријатна атмосфера во кабината. Дел од овој пакет е и Energizing Air Control системот за филтрирање кој ги филтрира и најситните честички – како што е поленот, правот и непријатните мириси – а вклучува и два специјални S-Class парферми кои ќе се користат во кабината.

Луксуз на секој начин, нели?

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG PureSpeed е специјален, супер-лимитиран роудстер со инспирација од F1


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.