full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините и дизелот поевтинуваат по половина денар.

Минатата седмица цените на горивата останаа непроменети, но овој понеделник имаме минимално намалување на цените на бензините и дизелот.

Во согласност со методологијата која се користи за формирање на цените на нафтениде деривати, како и намалениот износ на акцизата која беше донесена како кризна мерка, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.33%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за 0.50 денари за литар во однос на досегашните. Соодветно на тоа, литар 95-октански бензин ќе чини 59.50 денари, еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.50 денари, додека еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 52.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.