full screen background image
Search

KIA ги објави првите детали и фотографии за освежениот Stinger

KIA Motors ги објави првите слики од затегнатиот Stinger, откривајќи освежен дизајн за спортскиот седан со високи перформанси.

Од KIA кажуваат дека промените во изгледот на подобрениот модел го засилуваат неговиот карактер, додека истовремено поработено е и на квалитетот во кабината – а покрај тоа им даваат на новите сопствениците поголем избор на бои и материјали.

Обновениот модел, откриен со спецификација за корејскиот пазар, може да се пофали со голем број на ажурирања во дизајнот, внатре и надвор. Надвор, промените го освежуваат дизајнот на автомобилот и на купувачите им даваат повеќе опции за прилагодување. Внатре, надградениот Stinger нуди поудобен простор во кој ќе патувате, со ревидиран дизајн, нови поквалитетни материјали и ажурирања на инфозабавниот систем.

Карим Хабиб, постар потпретседател и раководител на Kia Global Design коментира: „Stinger проектира елеганција и удобност, а исто така и одлична намена за возење на долги патеки. Новиот модел се базира на дизајнот на gran turismo автомобил што го воведовме пред три години – модерен со суптилна агресија за подобрување на неговото присуство на патот. Внатрешноста, исто така, е подобрена и новите дизајнерски елементи и технологии вклучени во Stinger ги потврдуваат неговите ингеренциите за беспрекорен grand tourer“.

На предниот дел препознаваме нови LED светла со потемен дизајн и заострени линии. На задниот дел доминираат новите, споени задни светла кои ја истакнуваат широчината на Stinger, а LED елементите во нив наликуваат на црно-белото тркачко знаме. Кабината добива нови суптилни додатоци – различни контрастни детали, нов инфозабавен уред со дијагонала од 10.25 инчи, како и ревидирани инструменти пред возачот. Stinger добива и нов систем за амбиентално осветлување со 64 различни бои.

Наскоро се очекуваат повеќе информации околу Stinger, како и точна временска рамка за пристигнувањето на освежениот модел на пазарите ширум светот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.