ПРЕМИЕРА: Audi S3 Sedan и Sportback напаѓаат со по 310 коњски сили и quattro погон на сите четири тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi S3 Sedan и Sportback напаѓаат со по 310 коњски сили и quattro погон на сите четири тркала!

Инженерите на Audi Sport тукушто ги претставија S3 Sedan и S3 Sportback – кои носат 2-литарски TFSI турбо-бензинец кој испорачува 310 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

S3 моделите ќе ги препознаете по поагресивниот дизајн, каде доминираат големата Singleframe предна маска и големите отвори за воздух. Добиваат и засебни браници, подинамични странични прагови, како и странични ретровизори во сребрена боја. Околу целите автомобили доминираат мускулести форми, кои само ја истакнуваат динамичната природа на новите S3 Sedan и S3 Sportback.

Инаку, динамичноста доаѓа и од моторот – под поклопецот се крие 2-литарски TFSI трубо-бензинец кој испорачува 310 коњски сили и 400 Nm вртежен момент кон сите четири тркала преку S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка и неизбежниот Quattro погон. Резултат на сето ова? Катапултирање до 100 километри на час за само 4.8 секунди и (електронски ограничена) максимална брзина од 250 километри на час.

Дополнително, S-моделите се поблиску до подлогата за 15 милиметри, а спортски-нагодената суспензија гарантира динамично и прецизно управување. S Sport суспензијата може да биде нарачана и со прилагодливи амортизери, кои се прилагодуваат кон условите на патот. Зад стандардните 18-инчни (или опционалните 19-инчни) тркала се кријат и големи сопирачки – чии шепи се стандардно во црна боја, а можете да ги нарачате и во црвена боја.

Кабината добива спортски детали, како и детали од алуминиум и карбон, а дел од приказната се и фантастичние S Sport седишта кои се целосно нови, а за нивната конструкција се користени и рециклирани материјали. Пред возачот е поставен 12.3-инчен дигитален екран за инструментите, додека на централната конзона има 10.3-инчен дисплеј. MMI оперативниот систем од најновата генерација ја користи MIB модуларната платформа, со 10 пати помоќен процесор од уредот од минатата генерација.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi го освежи e-tron GT, врвниот Performance има 925 коњски сили!

Новите Audi S3 модели ги добиваат и сите напредни системи за безбедност и асистенција кои Audi ги нуди. Продажбата ќе започне веќе овој месец, а првите примероци ќе бидат испорачани во Октомври. Лансирањето ќе биде прославено со специјалната Edition One изведба која доаѓа во Python Yellow кај Sportback или Tango Red кај Sedan верзијата, а ќе добијат и специјални 19-инчни тркала и детали во црна боја, како и седишта обвиени во супер-мека Nappa кожа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.