Ioniq станува засебен бренд за електрични возила под капата на Hyundai – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ioniq станува засебен бренд за електрични возила под капата на Hyundai

Hyundai одлучи дека Ioniq треба да биде засебен бренд – и тоа бренд кој ќе лансира неколку нови електрични возила во следните неколку години и бренд кој има амбиции да биде голем играч на пазарот со електрични возила!

Какви се амбициите на Hyundai за брендот Ioniq? Веќе е најавено дека ќе бидат лансирани три нови возила во следните неколку години, а Hyundai сака брендот Ioniq да има удел од 10% во глобалниот пазар на електрични возила. Стратегијата е да продадат 1 милион електрични возила до 2025.

Hyundai веќе има модел кој се вика Ioniq – кој е достапен како конвенционален хибрид, плаг-ин хибрид или пак како целосно-електрично возило. Сепак, корејскиот бренд одлучи дека овој модел ќе биде своевидна отскочна даска за овој бренд. Следната година ќе биде лансиран Ioniq 5 – компактен кросовер кој беше најавен како концепт минатата година, а во 2022 ќе следи Ioniq 6 – електричен седан базиран на Prophecy концептот кој Hyundai го претстави во Март. Конечно, во 2024 ќе биде пристигне и Ioniq 7, голем SUV.

Номенклатурата која ќе ја користи Ioniq е прилично едноставна – и ни се допаѓа. Моделите чија ознака е парен број ќе бидат конвенционални седани, додека оние со непарно „име“ ќе бидат кросовери и SUV модели.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.