full screen background image
Search

Hyundai го најавува дизајнот на своите електрични модели со 45 EV Concept

Hyundai го зема Pony Coupe Concept од далечната 1974-та година како инспирација за новиот концепт – кој всушност е најава за дизајнот на електричните возила на корејскиот бренд.

Од Hyundai кажуваат дека 45 EV Concept „одново го замислува искуството во автомобилот, во ера на електрификација и автономни технологии.“ Всушност, концептот влече директна инспирација од Pony Coupe Concept од 1974-тата година (од кога се поминати 45 години, па оттаму и името). Дизајнот на 45 EV Concept е освежувачки чист и едноставен – а тоа го прави безвременски и интересен.

На концептот има многу детали кои вредат да бидат истакнати – но нам особено ни се допаѓаат задните светла каде ретро дизајнот на LED осветлувањето е навистина уникатно и специфично. Интересни се и вградените LED сијалички на надворешната страна на вратите кои го покажуваат нивото на батериите.

Кабината е супер-модерна и користи првилечни природни материјали за да го направи амбиентот попривлечен и поопуштен. Од Hyundai кажуваат дека кабината е „уникатно место за живеење кое може да се трансформира за да ги исполни барањата на различните животни стилови на патниците.“

Немаме информации околу погонот на овој концепт, но знаеме дека се работи за електричен автомобил и според Hyundai, токму ова овозможува максимална искористеност на просторот во кабината.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.