full screen background image
Search

Со официјални скици, Skoda го најавува финалниот дизајн на Enyaq iV!

Како што се наближува официјалното деби на Enyaq iV, така Skoda ни открива уште повеќе детали.

Со неколку официјални скици, Skoda ни го најавува финалниот дизајн на првиот електричен SUV на брендот, кој треба да дебитира на 1-ви Септември. Enyaq iV е поставен на MEB платформата на Volkswagen која е наменета за електрични возила, а од Skoda кажуваат дека Enyaq iV е „прогресивен, експресивен и динамичен.“

Одговорниот за дизајн во Skoda – Karl Neuhold – кажува дека пропорциите се поинакви од вообичаените дизајни на SUV моделите на брендот. „Enyaq iV има пократок преден дел и продолжена кровна линија. Ова му дава динамичен лик и го трансформира во своевиден спејс шатл. Намерно ја истакнуваме препознатливата Skoda предна маска на нашите електрични возила, бидејќи ова е детал кој е веднаш-препознатлив.“

Во меѓувреме, Skoda работи на уште електрични возила, а MEB платформата дозволува многу простор во кабината. Од Skoda се горди и на аеродинамичноста – Cd вредноста е само 0.27, исклучителна вредност за SUV.

Останува да почекаме до 1-ви Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.