full screen background image
Search

Fiat Centoventi е најдобар концепт според Car Design News!

Жирито на Car Design News го сочинуваат различни директори за дизајн од глобални производители – и тие одлучија дека токму Fiat Centoventi го заслужува признанието за најдобар концепт-автомобил!

Fiat Centoventi беше претставен минатата година во Женева, и со него Fiat ја најави својата визија за електрична мобилност и иновативен бизнис-модел. Малиот автомбил е истовремено минималистички, но и целосно-прилагодлив според желбите на купувачот. Со Centoventi, Fiat ја покажа и 4U програмата која нуди избор меѓу четири покривки за кровот, четири различни сетови на браници, четири различни дизајни на поклопците на тркалата и четири различни дизајни на надворешните обвивки. Истовремено, и делови од ентериерот се разменливи, па и кабината е прилагодлива според желбите на купувачите.

Во зависност од батеријата која ќе ја одбере купувачот, Centoventi може да помине меѓу 100 и 500 километри со едно полнење, а доколку Centoventi отиде во сериско производство, ќе биде поставен на платформата на новиот Fiat 500е, кој е целосно-електричен автомобил.

Olivier François, претседателот на Fiat Brand Global изјави дека „освојувањето на ова признание ме прави особено горд, а жирито од таков интернационален калибар ја истакна важноста на дизајнот кај Centoventi проектот. Ова е визијата на Fiat за иднината на демократската електрична мобилност.“ Дополнително, Klaus Busse, главниот да дизајн во FCA EMEA потврди дека „успехот на Centoventi ја отсликува соработката меѓу дизајнерите на Centro Stile Fiat и нашите инженери, со цел да се реализира визијата на брендот. Добивањето на оваа награда е неверојатна чест за целиот тим.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.