Merecedes-AMG ги претстави освежените E 63 S седан и караван. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Merecedes-AMG ги претстави освежените E 63 S седан и караван.

AMG-дивизијата на Mercedes-Benz подготви освежување и за монструозниот E 63 S – кој и понатаму користи 4-литарски твин-турбо V8 со 612 коњски сили!

По неодамнешното освежување на Е-Класата, Mercedes-AMG тукушто ги претстави и своите интерпретации на големиот седан, како и големиот караван. Освежените модели добиваат нови LED предни светла, нов преден браник со нова Panamericana маска, нов преден сплитер, заострени задни светла, редизајниран заден браник и уште неколку други ситници.

Кабината добива освежување во форма на најновиот MBUX систем за комуникација, информирање и забава. Во кабината препознаваме и нов управувач, и уште неколку други поситни измени.

Секако, најважниот момент е сè уште тука – а тоа е моќниот, 4-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 612 коњски сили и монументални 850 Nm вртежен момент. Во комбинација со AMG Speedshift автоматскиот менувач со двојна спојка и 9 брзини, силата се пренесува кон сите четири тркала преку 4Matic+ погон. Секако, тука е и Drift режимот, каде силата се пренесува само кон задните тркала. Инаку, седанот забрзува до 100 километри на час за 3.4 секунди, додека на караванот му требаат „дури“ 3.5 секунди.

За сопирање на овој германски Muscle Car задолжени се 391-милиметарски дискови на предните тркала и 360 милиметарски дискови на задните тркала. Доколку сакате, тука се и AMG карбон-керамичките дискови.

Доволно за до продавница?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.