full screen background image
Search

Ford Ranger добива специјална Thunder изведба!

Ќе бидат произведени само 4500 примероци од Ford Ranger Thunder – кој го добива истиот моќен турбодизел од екстремниот Ranger Raptor!

Специјалната изведба која го носи името Thunder ќе биде произведена во само 4500 примероци и ќе го добие истиот моќен 2-литарски турбодизел кој се вградува во Ranger Raptor (кој ние имавме можност да го возиме минатата година на неговата презентација во Хрватска).

Ranger Thunder е базиран на Ranger Wildtrak (кој го возевме во Словенија) и добива уникатна Sea Gray сива боја и агресивни црвени детали. Подготвени се и специјални значки за вратите, како и многу детали кои се во мат-црна боја. Црни детали има и на предната маска, задниот браник и околу магленките, а црни се и 18-инчните тркала.

Кабината добива црна кожа и црвени детали, како и контрастни шевови. Црни се и патосниците, а во црвена боја се осветлени праговите.

Инаку, за задвижување на Ranger Thunder е задолжен 2-литарскиот турбодизел кој се вградува и во Ranger Raptor. Тој испорачува 215 коњски сили и моќни 500 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон сите четири тркала преку напреден 10-брзински автоматски менувач.

Ford Ranger Thunder можеме да го сметаме и како своевиден славенички модел – од Ford гордо кажуваат дека минатата година била најуспешната година во историјата на моделот – биле испорачани 52.500 примероци на купувачите ширум Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.