full screen background image
Search

Супер-секси Abarth 595C Competizione во салонот во Скопје!

Има нешто многу кул кај малите автомобили. А кога тоа е малиот Abarth 595 Competizione со 180 коњски сили – тогаш е навистина фраерски!

Базиран на шармантниот Fiat 500C, Abarth 595C Competizione под поклопецот носи навиен 1.4-литарски турбо-бензинец со дури 180 коњски сили. Благодарние на сите овие коњски сили, малиот 595C Competizione забрзува до 100 километри на час за 6.7 секунди и постигнува максимални 225 километри на час.

Секако, добива темелно ревидирана суспензија, доработен менувач, Abarth бодикит, спортски издувен систем како и мал милион Abarth значки. И многу, многу, многу е кул!

Abarth 595C Competizione е изложен во салонот на Fiat во Скопје. За повеќе информации обратете се во Аутомобиле СК, а ние се надеваме дека ќе имаме можност и самите да го повозиме и да ги пренесеме нашите импресии од лутиот италијански автомобил!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.