full screen background image
Search

Погледнете го новиот дигитален CARSTORE на Automobile SK!

Automobile SK – македонскиот импортер на возилата на Fiat, Fiat Professional, Abarth, Alfa Romeo и Jeep – го претстави својот дигитален продажен салон, каде можете да добиете информации и цени за сите возила кои се достапни на лагер.

Во моментот на објавување се достапни преку 100 возила од различните брендови кои ги застапува Automobile SK.  На дигиталниот Carstore на Automobile SK можете да пребарувате во бренд, по модел и максимална цена, а потоа да филтрирате по опрема, тип на гориво, пренос, итн..

Ваквите веб-страници се навистина практични и корисни, бидејќи може веднаш да се види што и е достапно и да се одбере автомобил – дури и кога не се соочуваме со COVID-19. Затоа ја поздравуваме иницијативата на Automobile SK да направи ваква веб-страница.

Посетете го Carstore на Automobile SK, можеби ќе го најдете вашиот нов автомобил!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.