full screen background image
Search

Citroën подготви C-Series третман и за C5 Aircross и Grand C4 SpaceTourer

Францускиот бренд ја зголемува понудата на ексклузивни C-Series модели – а најнов додаток во таа гама се C-Series изведбите на C5 Aircross и Grand C4 SpaceTourer.

Големиот C5 Aircross добива специјални бои и опрема која е во насока на подобрување на веќе супер-комфорниот SUV. Надворешноста добива нов колор пакет кој се вика Anodized Deep Red кој вклучува црвени детали на Airbump панелот, на предните браници и на кровните носачи, а на крилата има и C-Series значка. Купувачите можат да добијат колор пакет и во Anodized Silver или Anodized White, или пак Anodized Blue за хибридната изведба.

Во однос на боите, ќе можете да изберете меѓу две бели бои, две сиви бои или црна боја, а можете да комбинирате и двобојна комбинација со црн кров. Станардно ќе добиете затемнети задни стакла.

Кабината добива сива централна конзола, бели шевови и Advanced Comfort седишта со бели шевови и контрастен црвен дел. Меѓу другото, ќе добиете и Keyless Entry, електрично-преклопливи ретровизори, како и паркинг камера со Top Rear Vision. Мултимедијалниот уред нуди можности за поврзување, а ќе добиете ис ситеми за асистенција, како и адаптивен темпомат (ако изберете EAT8 автоматски менувач).

Сличен C-Series третман добива и големиот моноволуменец Grand C4 SpaceTourer. Моноволуменецот со седум седишта добива C-Series значи на предните врати, сребрени кровни носачи, Onyx црни странични ретровизори и 17-инчни Diamond Black алуминиумски фелни. Достапни се неколку ексклузивни бои, а внатрешноста добива сива централна конзола, контурирани седишта со црвени опшивки и C-Series ознаки и уште неколку ситни детали.

C-Series изведбите ќе бидат достапни од 1ви Јуни и ќе може да се комбинираат со сите погонски единици кои Citroën ги нуди кај овие модели.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: DS 9 е новиот француски знаменосец!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.