full screen background image
Search

Новата Opel Mokka ќе биде 120 килограми полесна од претходната!

Opel ги забрзува промотивните активности околу новата Mokka – и објави детали околу тестирањето на новиот кросовер.

Привршуваат работите околу новата Mokka – Opel објави дека работи на тестирањето на новиот кросовер. Во Февруари, Opel започна да ја тестира новата Mokka на арктикот, каде се работеше на шасијата и системите за асистенција, но беа инволвирани и инженери задолжени за погоните и електрониката во автомобилот. Целта на ова тестирање е да се понуди автомобил кој е лесен за контролирање во сите ситуации, а притоа е и забавен за возење. Токму затоа инженерите на Opel посветиле внимание на суспензијата и управувањето.

Понатаму, тестирањето продолжи во Германија, каде токму суспензијата и управувањето ги добија своите финални параметри – и тоа на Dudenhofen патеката. Овие финални парамтери ќе гарантираат агилно управување. Според координаторот на Mokka проектот, Karsten Bohle, „тест возењата прогресираат одлично, а бидејќи нашето ново бебе е лесно и компактно, реагира одлично на сите прилагодувања. Управувањето и комфорот се одлични, а вистинск задоволство е да се вози Mokka.“

Многу од агилноста се должи и на новата платформа. Mokka ќе биде поставена на CMP платформата која користи челик со висока цврстина, што пак овозможува таа да биде полесна. Новиот автомобил ќе биде до 120 килограми полесен од претходниот – а тоа е значително намалување. Секако – исто како и новата Corsa (која веќе ја возевме, и чиј тест можете да го погледнете тука) – новата Mokka ќе биде лансирана и како електричен автомобил и ќе се вика Mokka-e. Ниско-поставените батерии ќе го приближат тежиштето до подлогата и ќе ја зголемат торзиската цврстина за дополнителни 30%.

Производството ќе започне до крајот на оваа година, а првите примероци ќе бидат испорачани на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.